Новата книга „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана денеска (вторник, 3 јули) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“.
Изданието содржи 129 лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и 60 рецепти за природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори.
– Македонија изобилува со прекрасни природни ресурси и разни билки, чиишто лековити својства нашите предци многу рано ги откриле и почнале да ги употребуваат за самолекување. Тие правеле искуствени традиционални билни препарати, со кои го одржувале своето здравје. Во „Македонска традиционална медицина“ е поместена богата листа на лековити билки и традиционални препарати. Меѓу нив има и лековити билни препарати од моите предци и од мојата фамилија, како и од моето децениско усовршување и работа во областа. Книгата ги дава контурите на многу начини за користење на растенијата во полезен и практичен формат. Билките можат да се користат за тонизирање, лекување и превенција. Медицината базирана на билки треба да се сфаќа како грижа за себеси. Таа ни овозможува разбирање за поврзаноста помеѓу нас самите, нашата околина и другите. Книгата ја работев неколку години во однос за собирање податоци и записи за историскиот дел за тоа како се лекувале Македонците низ историјата – истакнува авторот на книгата, Драган Јованов.
Книгата „Македонска традиционална медицина“ е поделена на три дела. Првиот дел е историски, со податоци како се лекувале Македонците во минатото на традиционален начин. Вториот дел е посветен на лековити растенија, а третиот на традиционални билни рецепти. Пораката е да се вратиме на дарот што ни го дала природата, за да го зачуваме нашето здравје.
Авторот Драган Јованов е роден во 1986 година во Скопје. Магистрирал на Факултетот за земјоделски науки и храна (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје), а ги привршува и докторските студии на Аграрниот универзитет во Пловдив, Република Бугарија. Три години по ред (од 2015 до 2017 година) е добитник на признание за најдобар млад научник во областа на фитомедицината на Европскиот мултидисциплинарен конгрес, што се одржува во Нови Сад, Република Србија. Работи како асистент на Факултетот за еколошки ресурси и храна и безбедност на храна при МИТ Универзитетот во Скопје. Автор е на учебници, прирачници, атласи, како и низа стручни трудови. Важи за еден од најдобрите млади експерти на Балканот за фитологија, фитотерапија, хербализам и земјоделски науки и храна. Од 2017 година е именуван како посебен советник за екологија и просторно планирање на Претседателот на Владата на РМ.
Промотор на книгата во „Литература.мк“ ќе биде д-р Ненад Златановиќ.
За првите 50 купени книги на промоцијата ќе следуваат и подароци – еколошки пакетчиња од „ГОЕ Европа“ и брендирани чаеви од авторот. На крајот од настанот Јованов ќе потпише примероци од „Македонска традиционална медицина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст