Жена во Јужноафриканската Република е префрлена на лекување во болница, откако претходно било откриена жива во мртовечница. Таа била донесена во мртовечница во градот Карлетонвил, во провинцијата Гаутенг, бидејќи од страна на медицински тим на брзата помош била прогласена за мртва по собраќајна несреќа.
Според тимот на брзата помош, жената не давала знаци на живот, меѓутоа еден од вработените во мртовечницата по извесно време забележал дека таа дише. Локалните власти го потврдија случајот и соопштија дека жената е хоспитализирана откако било oткриено дека е жива.
Ова не е прв случај луѓе да се разбудат во мртовечница, откако претходно биле прогласени за мртви. Во јануари во Шпанија затвореник се разбуди непосредно пред аутопсијата, иако од страна на тројца доктори претходно бил прогласен за мртов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст