Новиот директор на „Зоолошка градина Скопје“, Ѓорѓи Галетановски најави генерално чистење на Зоолошката.
Утринава, екипи на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ започнаа со расчистување на високите треви, живеалиштата, како и ботаничката градина во Зоолошката градина. ЈП „Комунална хигиена“ донираше и 50 канти за отпадоци кои се неопходни за Зоолошката.
– Ова е првиот чекор од проектот „Европска Зоолошка за европско Скопје“, а ќе се работи интензивно се до конечно расчистување на омиленото катче на најмладите. Напоредно се работи и на нови инвестиции кои ќе придонесат за благосостојба на животните, како и за усовременување на постојните живеалишта – најавија од Зоолошката градина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст