| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ги избегнал штрајкувачите на „Еурокомпозит“

Премиерот Зоран Заев денеска беше во Прилеп на отворањето на пречистителната станица која треба да го направи Прилеп еден од најчистите градови во регионот. Во тој период, во центарот на градот  вработените во „Еурокомпозит“  штрајкуваа и си ги бараа работничките права.

Вработените во „Еурокомпозит“ измамени и револтирани одлучиле во Прилеп да се соочат со премиерот да го прашаат што се случи со неговото ветување.

Имено, Заев пред 9 месеци им вети дека „Се разгледува можноста за системски решенија за трајно решавање на егзистенцијата на вработените во Еурокомпозит“. Но денеска тој ја сменил рутата.

Вработените на „Еурокомпозит” од денес штрајкуваат и пред Владата барајќи спроведување на договореното за решавање на статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси. Тие поставуваат и шатори и велат дека ќе останат таму се додека не се исполнат нивните барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top