| четврток, 6 декември 2018 |

Болничарката која се сликаше селфи со пациент пред умирање е суспендирана од работа

Болничарката која речиси пред една година се сликаше селфи со пациент пред умирање е суспендирана од своето работно место на Одделението за Неврологија во Градската болница „8 Септември“, потврди за „Фокус“ директорот на болницата Христијан Костов.

-Болничарката е суспендирана од работа и сега треба да одлучиме како ќе биде санкционирана. Во моментов е формирана петчлена комисија која утре треба да заседава и да донесе одлука. Уште еднаш ќе повторам дека такви работи не смеат да се случуваат во болниците. Тоа е страшно. Пациентот е починат веќе една година- истакна директорот Костов.

Болничарката која се фотографирала селфи со пациент на невролошкото одделение. На една од фотографиите можеше да се забележи дека болничарката носи болничка маска, а во нејзина задина е пациентот кој лежи во лоша здравствена состојба, целиот со цевки и приклучен на апарати за дишење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top