Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје со кривична пријава поднесе кривична пријава против А.Д. (40) од Прешево-Република Србија, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „затајување“ и две кривични дела „кражба“ предвидени и казниви по член 239 и член 236 од Кривичниот законик.
Пријавениот трите кривични дела ги извршил во текот на јуни годинава, а предмет на кривично дело биле мобилни телефони при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 72.262 денари. Две од кривичните дела („затајување“ и „кражба“) пријавениот ги извршил на ист начин во два угостителски објекти, каде искористувајќи ја љубезноста на оштетените, под изговор дека батеријата од телефонот му е испразнета, а треба итно да се јави, од истите, во едниот случај затаил, а во другиот случај одзел вкупно два мобилни телефони.
Третото кривично дело „кражба“ го извршил во продавница за мобилни телефони, каде искористувајќи го невниманито на вработените одзел еден мобилен телефон.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст