
Во текот на вчерашниот ден во Секторот за внатрешни работи Скопје, А.Д. (27) пријавила дека во неделата околу 18.00 часот противправно била лишена од слобода, од страна на поранешното момче Ф.Ќ. (22).
Имено, додека стоела на автобуската постојка на Бит Пазар, истиот ја повикaл да влезе во неговото возило, а потоа излегол од него и насилно ја внел во возилото со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска. Потоа се упатиле кон Парк шумата „Гази Баба“ каде физички ја нападнал. Истиот и ги одзел личните документи и се оддалечил од местото на настанот, а по кратко време ја пресретнал и ја однел со возилото на бензинска пумпа каде побарала помош од вработените.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


