| четврток, 6 декември 2018 |

Достоинствени и во поразот: Јапонците си ја исчистија соблекувалната и оставија порака (фото)

Репрезентацијата на Јапонија иако синоќа беше елиминирана од Белгија со 3-2, на годинешниов Мундијал ги освои срцата на многу неутрални навивачи. Тие играа храбро и офанзивно против поквалитетни репрезентации, вчера имаа 2-0 против Белгија до 70. минута, а и нивните навивачи покажаа завидни манири чистејќи ги трибините зад себе.

Иако синоќа доживеаја болен пораз од Белгија во 94. минута, фудбалерите на Јапонија си ја исчистиле соблекувалната пред да излезат од неа и оставија порака на руски „Спасибо“, што значи благодарам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top