| четврток, 6 декември 2018 |

Не завршува голготата на децата од Тајланд: Иако ги пронајдоа, не можат да ги извлечат од пештерата (видео)

Децата и нивниот тренер од Тајланд по кои се трагаше скоро две недели и кои беа пронајдени пронајдени живи во пештера, сега се соочуваат со нова пречка бидејќи спасувачките служби не можат веднаш да ги извлечат.

Дванаесетте деца и нивниот фудбалски тренер се заробени во пештера во Тајланд од каде можат да излезат само ако научаат да нуркаат или да почекаат додека не заврши дождовната сезона.

Спасувачите се обиделе да го совладаат нивото на водата кое расте, за на децата и тренерот да им однесат храна и основни намирници. Од армијата велат дека може да биде потребно да им се прати храна за наредните неколку месеци.

Во тек се обиди во внатрешноста на пештерата да се инсталира електрична енергија и телефонска линија за децата да можат да стапат во контакт со родителите, велат тајландските претставници.

На децата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер им се губи трагата на 23. јуни. Се верува дека во пештерата влегле додека во неа немало вода, а тогаш поплавите го блокирале влезот.

Пронајдени се на карпа која се наоѓа околу четири километри од главниот дел на пештерата.

Се претпоставува дека децата можеле да се движат низ пештерата додека налетите на вода не ги блокирале патеките и не ја намалиле видливоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top