| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид почнува Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Со дефиле на учесниците низ централното градско подрачје и целовечерен концерт на Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ утревечер во Охрид ќе биде отворено годинешното 57. издание на Бaлканскиот фестивал на народни песни и игри.

На фестивалската сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во текот на четирите фестивалски дена ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Во рамки на Балканскиот фестивал во изложбениот центар на Центарот за култура ќе биде отворена и изложба на влашки народни носии од колекцијата на доц. м-р Ванѓа Димитријева – Кузманоска.

Фестивалот традиционално се одржува под покровителство на Собранието, со поддршка на Министерството за култура. Влезот за сите фестивалски содржини е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top