Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј изјави дека смета оти се уште не е дојдено време за посета на папата Франциско на Србија.
Патријархот нагласи дека на неговата неодамнешна средба со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, кој престојуваше во посета на Србија, воопшто не станало збор за посета на папата.
– За тоа не беше споменаат ниту еден збор. Ниту од едната, ниту од другата страна. Разговаравме за други работи, изјави патријархот Иринеј за белградскиот весник „Блиц“.
Поглаварот на СПЦ на почетокот на годинава исто така оцени дека „не евреме за доаѓање на папата Франциско“, нагласувајќи дека „поради тоа што се случи во минатото и големиот број протерани лица од Хрватска, поголемиот дел од народот е против“ посета на понтифот на Србија.
Но, од друга страна српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ смета дека Србија би имала полза од посета на папата.
– Мој став како државник е дека во интерес на Србија би било да ја посети папата, особено во контекст на призанвањето на Косово. Тешко дека во иднина ќе има некој папа, кој би имал поголемо разбирање за нас од папата Франциско, изјави Дачиќ за „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст