Ноел Мартин од Перт имала само 18 години кога ги открила бизарните фотомонтажи.
-Тоа беше понижувачко и болно за мене. Тој удар на достоинството не е лесно да се опише, буквално ја девастира личноста, вели таа, сега веќе 23-годишна дипломирана правничка.
Како што вели, некој ги зел нејзините фотографии за потоа од нив да ги креира спорните снимки и да ги објави на Фејсбук.
Некои од фотографиите биле на места каде живеела додека студирала.
-Имаше моменти кога по гледањето на тие фотографии само можев да лежам и да плачам. На некои фотографии сум опишувана како глупава крава, а некои од нив се на насловна на порно филмови, вели таа.
Кога инцидентот го пријавила во полиција, и рекле да внимава што става на друштвените мрежи и дека сама си е виновна.
Австралија се соочува со овој вид малтретирање кое е во експанзија, па така секој петти Австралиец на возраст меѓу 16 и 49 години е жртва на болни фотомонтажи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст