Меѓународниот саем на уметност„Ин Ситу“ – досега познат како Паратисима Скопје, за својот прв јубилеј на своето петто издание оваа година се ре-брендира, постанувајќи единствен независен саем на уметност од овој вид и размер во Македонија.
Петтото издание на саемот, ќе се одржи од 13 – 15 септември во Младинскиот културен центар, Скопје.
До сега саемот брои претставување на повеќе од 450 автори учесници кои потекнуваат од 39 земји, чии дела ги проследи растечки број на посетители кој во првите две години броеше 2-3000 посетители за да прерасне кон 5-7000 посетители кон четвртото издание на саемот.
Повикот за учество во изложбената поставка за дизајн, под кураторство на Драган Христов – Лудус, ќе биде отворен до 20 јули.
– Ин Ситу воспоставува комуникација помеѓу „локалното“ и „меѓународното“ по повеќе основи; пред сѐ во контекст на исклучителните и сериозни соработки вклучени во процесот на презентирање на поставките и програмата, потоа преку квалитетот на условите за изложување на независната сцена, а воедно и во однос на разновидната програма која не само што создава нова, многубројна публика и ја одржува љубопитноста, туку ја пласира македонската сцена како рамноправна со меѓународната. Во улога на културен катализатор, Ин Ситу го премостува и нашиот локален јаз, обединувајќи ги различностите во изразувањето, потеклото, познанствата, возраста, академската поткрепа и сите други „формалности“ кои досега беа (зло)употребувани како изговор за професионална видливост и творечка препознатливост – изјави Бојана Стојменовска, организатор на саемот за уметност Ин Ситу.
– Ребрендирањето на саемот е почеток на ново поглавје каде фокусот ќе биде квалитетот во понатамошниот развој на популарниот саем. Ги поканувам сите дизајнери кај нас, регионот и пошироко и ги охрабрувам да ги претстават најновите колекции, производи и прототипи пред нашата многубројна публика и да ја искористат единствената можност што Ин Ситу ќе им ја понуди како саем со интернационален карактер, голема посетеност и награди од различен вид – вели Драган Христов.
Тричлено жири ќе биде селектор на учесници кои ќе бидат наградени со независни изложби, учество на меѓународни саеми надвор од Македонија и можности за професионален развој и претставување.
Овогодишната програма на саемот ќе содржи три програмски единици: уметност, дизајн и архитектура, проследени со „off“-програма од предавања, работилници, проекции и музички настапи во соработка со национални и меѓународни автори и организации.
Бескомпромисно инсистирајќи на подигнување на стандардот во изложувањето на уметностите и дизајнот, Ин Ситу продолжува да нуди програма која несомнено придонесува кон раст и развој на препознатлива и прогресивна културно-уметничка сцена во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст