| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски: Во Тетово нема ниту дрога ниту криминал

“Стапката на криминалитет за 2017 година во Тетово е нула , а не се забележани никакви кривични дела ниту во Желино, Камењане, Речица, Жеровјане, Порој и другите населени места кои гравитираат кон градот”, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денот на превенција од криминалот.

Спасовски нагласи дека Тетово е практично претворено во еден вид на црква или џамија, оаза од која што се шири спокој во сите околни населби и села.

Ова според Спасовски е главната причина зошто полициски рации се спроведуваат во Скопје, а не и во Тетово.

Одговарајќи на нпвинарско прашање кога ќе има вооружени рации во Тетово, министерот Спасовски посочи дека од потврдени информации на службите било заклучено дека во ниедно кафуле или дискотека во Тетово не е продадена ниту еден грам дрога.

“Тетово е еден од ретките градови каде што младите практично и не знаат што е тоа џоинт. Никогаш не дошле во допор со дрога, а фискални сметки се издаваат и кога одите во тоалет. Затоа им препорачувам на Скопјани, нека се спакуваат еден викенд и нека отидат во Тетово. Ќе видат што е журка и забава без дрога и алкохол. Така и полицијата ќе нема работа. Рации во Тетово – нема”, ја изложи својата анализа Спасовски.

Изминатиов викенд полицијата реализираше вооружени рации во повеќе локали во Скопје каде беа приведени неколку лица, а беше запленет цел еден граам кокаин, две таблети екстази и две поголеми цигари марихуана кои ги свиткал некој што очигледно има подолго искуство.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top