Големата прослава по радосната вест која ја објави премиерот Заев дека е потпишан договор со Грција за промена на уставното име на Македонија продолжува.
Се чини дека нема крај радоста на граѓаните после среќните вести кои ги обзнани премиерот Заев заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров. По потпишувањето на договорот Заев нагласи дека ова е историски ден и дека вестите кои доаѓаат од Нивици, Преспа, се среќни.
Од истиот момент десетици илјади граѓани пресреќни поради промената на името на државата излегоа на улиците да слават и славјето од тој момент не е престанато.
„Веќе трета недела стотици илјади Македонци се на улиците секој ден, каде може да се забележат како се движат, седат на клупи, возат автомобили, се гоштеваат во ресторани и кафулиња, сето тоа наликува на едно големо славје после радосната вест за промена на името“, изјави владиниот портпарол Гиле Кошњаковски на прашањето дали владата на РМ ја чувствува еуфоријата која владее во земјата по потпишаниот договор за промена на уставното име.
„Неофицијално дознаваме дека на луѓето на прославите за промена на името им се приклучија и оние кои не можеа да останат дома после одложениот датум за добивање можен датум за преговори со ЕУ, а се очекуваат и луѓето кои ќе излезат да го слават одложеното канење на Македонија во НАТО под услов да се промени уставот на Република Македонија“, вели Кошњаковски и додава:
„Оваа огромна еуфорија меѓу граѓаните беше очекувана и ја поддржуваме, а воедно апелираме и дека и покрај тоа што го поддржуваме славеничкото расположение, барем 2-3 часа во денот да се прави пауза од славењето, бидејќи сепак мора напорно да работиме за да успееме до крај да го промениме уставното име, тоа нема да се случи само од себе“.
Граѓаните по социјалните медиуми секој ден постојано повикуваат сите да излезат на улиците и да ја славаат оваа голема победа на Македонија, оваа радосна вест и да ја споделат еуфоријата која ја зафати земјата после страшно големите успеси кои ги соопштија Заев, Димитров и Шекеринска. Некои граѓани, како што дознаваме дури и ги откажаа своите летни аранжмани за одмор, само за да бидат во земјата во овие моменти на еуфорија:
„Планиравме едно 10-15 дена да поминеме на Маурициус, со семејството, да одмориме малку, меѓутоа кога ја дознавме среќната вест за промена на името не можевме да седиме мирни и да одмараме како да сме неодговорни, туку знаевме дека наша патриотска задача е да ја споделиме оваа еуфорија, ова лудило невидено од среќа во нас, поради среќните вести за големата победа на Македонија и промената на уставното име“, ни изјавија некои од нив.
Според аналитиките од маркетинг агенциите, гледаноста на светското првенство во фудбал опаднала за 36% после потпишувањето на договорот за промена на името, бидејќи како што велат „никој не седи дома да гледа фудбал, кога може да биде на улица и да се радува за промената на името, сосема очекувано беше ова“.
Огромната, невидена досега прослава за среќните вести за Македонија, големата победа: промената на името, продолжува и вечерва.
Пиперка Ајварка
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст