Италијанската полиција уапси 17 лица во операција за нелегална трговија со мигранти и оружје. Осомничените ги извршувале криминалните акативности во соработка со сицилијанската мафија и со паравоени сили што работат на Балканот, тврдат обвинителите на окружната Дирекција против мафијата во Палермо, кои ја координирале операцијата.
Против уапсените се поднесени различни обвиненија за злосторничко здружување, за трговија со мигранти долж балканската рута, за трговија со оружје и накит и перење пари, информираат од италијанската воена полиција. Налози за притвор се издадени за деветмина италијански државјани од Палермо, како и од северните провинции Комо и Сондрио, додека осуммина се од Балканот. Меѓу нив има и Албанци од Македонија.
Објавени се фотографии на криминалната албанска банда која соработувала со „Коза Ностра“. Италијанската полиција информираше дека разбила криминална банда која се занимавала со трговија со луѓе и оружје. Седумнаесет лица се уапсени во акција во италијанскиот град Палермо од кои 8 се Албанци, a е дел од нив имаат и македонско државјанство.
Косовскиот весник ,,Експрес“ информира дека меѓу уапсените се : Фатмир Латифи, Дритон Реџепи, Арбен Реџепи, Џемшит Вершевци, Франко Мапели,Тизиано Мапели, Салваторе Морело, Габриеле Торез, Дарио Вителаро, Луан Добјани ,Ибраим Латифи, Јениа Арене ,Ѓузепе Ѓанросино, Џемил Џафери, Денис Никци и Уран Амети.
Истрагата е спроведена со судските органи во земјите од каде што потекнуваат приведените лица. Истражителите имаат докази за некои од осомничените кои имале најмалку три средби со двајца членови на сицилијанската мафија помеѓу ноември 2016 и октомври 2017 година.
Што се однесува до обвинението за шверц со оружје, полицијата соопшти дека еден од приведените Македонците, поседувал кратко и долго боево оружје и неколку бомби, од кои некои неодамна биле продадени на други субјекти на Балканот. Најмалку еден од тие субјекти во моментов бил баран од македонската полиција како член на паравоената група – Ослободителна војска на Косово. Паравојните сили беа инволвирани во вооружен напад во градот Куманово во Македонија во мај 2015 година, што резултираше со смртоносни судири со македонските безбедносни сили.
„Таквиот фактор (врските со италијанската банда и осомничени парамилитарци на Балканот) претставуваше најголем алармантен аспект на нашата истрага”, рече шефот на Карабинери во Палермо.
извор: Макфкс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.