Премиерот Зоран Заев од собраниската седница им порача на пратениците од опозицијата дека можат да пукнат што не го решиле спорот со името со Грција додека биле на власт и не ја внеле Македонија во ЕУ и во НАТО. Тој тврдеше дека сите потези што ги повлекол, биле во интерес на граѓаните и за иднината на земјава. Претходно Заев ги повика пратениците од опозицијата заедно да се израдуваат на, како што рече, убава вест дека Македонија доби датум за почеток на преговори во јуни 2019 година.
-Со конечниот Договор ја исполнивме вековната аспирација на нашите предци да имаме држава. Обезбеден е македонскиот идентитет, којшто бил негиран во минатото, конечно е признаен македонскиот јазик. Ова решение ја гарантира иднината на нашата држава. Конечно да има имотен лист, да ја впишеме во катастар, да биде членка на НАТО и ЕУ.
Конечната одлука ја носат граѓаните, на референдум. Граѓаните сакаат да живеат рамо до рамо со европските граѓани, да имаат перспектива, за нив и нивните деца и внуци. Граѓаните сакаат да има подобра економија, да има владеење на правото, да нема корупција, сакаат да имаат добро здравство и образование. Тоа е возможно само со интегрирана Македонија. Ќе пукнете што не го решивте ова прашање.
Речиси три месеци пред референдумот, на кој, како што вели премиерот граѓаните ќе ја донесат конечната одлука, Зоран Заев е сигурен и тврди дека го решил проблемот со името. Неговата убеденост дека направил историски чекор напред за Македонија отвора сомнеж дека Заев и власта подготвуваат фалсификат на референдумот.
Референдумот, како што беше најавено, ќе се одржи на крајот на септември и неговиот резултат ќе биде обврзувачки за власта. Доколку граѓаните гласаат „против“ или пак референдумот не успее, Заев ќе биде поблиску до историски амбис отколку до историски чекор напред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст