| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Бев во Македонија, но секогаш со мислите бев во Загреб

Хрватскиот ракометен стручњак Лино Червар попладнево беше и официјално претставен како нов тренер на ППД Загреб на закажаната прес-конференција.

Червар, по заминувањето од хрватската репрезентацијата, продолжи да фигурира како тренер на Металург, но откако во изминативе шест месеци не се појави на ниту еден натпревар на тимот од Автокоманда.

Сега Лино се враќа во добро познато место, бидејќи пред да пристигне во Скопје, актуелниот селектор на  Хрватска  беше предводник на Загреб.

– Загреб има свое минато, своја сегашност и своја иднина. Ова е клуб кој е отскочна даска за репрезентацијата. Златото освоено н Медитеранските игри во Шпанија ја оствари тим во кој играат половина ракометари на Загреб. Иако бев во Македонија, следев се што се случува во Загреб, мислите ми беа во ракометниот клуб кој многу го сакам. Но, тоа не е исто како што ќе биде сега. Сега сум тука, во центарот на случувањата, имаме нов проект и се надевам дека луѓето нема да останат рамнодушни на тоа што ќе го понудиме, – порача Червар кој инаку ќе и биде противник на Македонија во групата во Минхен во рамките од Светското првенство кое ќе се игра во јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top