
Даниел Субашиќ е синоќениот херој на Хрватска кој одбрани три пати во пенал рулетот против Данска и ја однесе својата репрезентација во четвртфиналето на Светското првенство. Неговите родители, Јово и Боја се горди на својот син, а неговата мајка вели дека не може да ги гледа натпреварите по една повреда на Даниел заработена кога играл за Хајдук.
– Нема шанси да го гледам, откако Даниел се повреди бранејќи за Хајдук не ги гледам неговите натпревари. Тоа беше против Задар во 2010 и оттогаш не гледам. Не можам. Кога има натпревар, шетам околу куќата, вели Боја Субашиќ.
Татко му пак, Јово објаснува како неговиот син станал голман.
– Даниел не застана веднаш на голот. Дури кога имаше десет години играа некој натпревар, голманот се повреди, немаа друг, а Даниел го праша тренерот Мишко Пауновиќ дали може да застане на гол? И откако застана, така и остана. Израсна до метар и 92, открива Субашиќ сениор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


