| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец заврши во притвор: Се заканувал со пиштол, па нападнал полицајци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.К. (37) од Гостивар, за сторени кривични дела ,,Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „Загрозување на сигурноста“.

Во средата околу 11.25 часот, во Гостивар, на улица „Илинденска“, пријавениот, од патничко возило, со пиштол упатил закани по животот кон вработен во агенцијата за приватно обезбедување кој вршел обиколка на објектите што ги обезбедува агенцијата.

По ова, околу 12.50 часот во Гостивар на улица ,,Мара Угриноска“, при преземање на службени дејствија за приведување на Д.К., истиот физички нападнал двајца полициски службеници. Д.К. е приведен, а при претрес во патничкото возило бил пронајден и одземен пиштол ,,SHUANG WEI c18“.

Од страна на Основен суд Гостивар на пријавениот му била изречена мерка притвор во траење од осум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top