Култната актерка од Босна и Херцеговина Селма Алиспахиќ е добитник на престижното меѓународно признание Актер на Европа 2018, на 16-то издание на Интернационалниот театарски фестивал Акетерот на Европа, кој ќе биде одржан од 6 до 11 јули на бреговите на Преспанското езеро.
Овој фестивал започна летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија.
Селма Алиспахиќ која ќе ја прими наградата на 6 јули во 21 часот во предворјето на Сарајот во Ресен, со своето име ќе се вгради во европската меморија на Балканот покрај имињата на досегашните добитници, како што се Љуба Тадиќ (Србија), Јон Карамиитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија) итн.
На истата церемионија, признанијата Клучевите на Преспа ќе ги добијат Луиза Витон, Претставник на Обединетите Нации (UNDP) за Македонија, и музичкиот виртуоз од Шшанија, со македонско потекло Вангел Мачковски.
Традиционалната Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“ оваа година е доделена на грчкиот публицист и издавач Петрос Папасарантопулос, македонскиот дипломат, амбасадорот Љупчо Арсовски, и познатиот албански писател и еден од основачите на Academia Balkanica Europeana, Башким Шеху.
Фестивалот свечено ќе биде отворен со стиховите од класиците на македонскта, грчката и албанската поезија, а потоа ќе следуваат поздравните говори на градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски, Почесниот претседател на фестивалот Бранислав Мичуновиќ-Жага, Петседателот на интернационалното жири Мето Јовановски, и Ректотот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш.
Во официјалната конкуренција на фестивалот оваа година се селектирани: „Жените на Ибзен“ од Словенија, „Слугинки“ од Бугарија на текст на францускиот класик Жан Жене, Српската претстава „Кеплер 452б“ од Тијана Грумиќ, во режија на Југ Ѓорѓевиќ.
Исклучителне чин на овогодишнето издение на фестивалот е светската премиера на претставата „Агаменмон Инферно“ по текст на Исмаил Кадаре во изведба на Васили Лаерти , којшто е поеднакво познат и во Албанија и во Грција. Од Косовво доаѓа пртставата „Четири еполети“ од Хаќиф Мулиќи, а од Македонија учесници се Димитрина Мицкоска со авторскиот проект „Женска Утопија“ работен според женските ликови на драмите на Јордан Плевнеш и „Дони Дарко“ во изведба на Театар Комедија од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


