| четврток, 6 декември 2018 |

Седумнаесетгодишник со мотор излетал од патот, совозачот итно пренесен на скопските клиники

Вчераутро на локалниот пат што води кон гостиварската депонија „Русино“ мотоцикл „Гланц“, што без дозвола го управувал 17-годишник од Гостивар, изгубил контрола и излетал од коловозот.

На повредениот возач му е укажана лекарска помош во гостиварската oпшта болница „Ферид Мурат“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Сопатникот на мотоциклот, С.П.(19) од Гостивар, исто така, се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош бил префрлен на скопските клиники.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top