| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Државјанството ќе ни биде „Македонско – граѓани на Република Северна Македонија“

„Македонско – граѓани на Република Северна Македонија“, вака ќе биде напишано државјанството во личните документи согласно Договорот со Грција, рече денеска премиерот Заев, одговорајќи на прашање од пратеникот Фадил Зендели од „Беса“.

Тој истакна дека вака ќе стои државјанството, ако, секако, се промени Уставот, односно ако тоа го дозволат граѓаните на референдум.

– Тоа е направено зашто Македонија е мултиетничка земја во која, покрај доминантното македонско население се и албанското, труското, српското, влашкото, бошњачкото, ромското,… и другите помали етнички заедници, нагласи Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top