Апелацискиот суд ги преиначи првите девет условни казни за насилство во Собранието на 27 април, во ефективен затвор. Девет обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите истиот месец им пресуди условни казни. По жалбите на Обвинителството, Апелација условните ги преиначи во ефективни затворски казни и сите девет лица, ќе треба да одат во затвор.
Меѓу осудените највисока казна доби Димче Христовски викан Жабата кој беше осуден на една година и шест месеци условен затвор. Од Апелација за Алсат М објаснија дека решенијата со изменетата одлука за ефективен затвор, ќе ја препратат до скопска единица денеска, а спроведувањето на деветте лица во затвор е обврска на Кривичниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


