| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Крива Паланка: Камион удрил во карпи и се превртел, возачот итно пренесен во болница

Поради тешка сообаќајна незгода, блокиран е сообраќајот на патот Ранковце- Крива Паланка , кај местото викано Просеченик.

До несреќата дошло кога товарно возило со скопски регистарски таблички, од засега непознати причини, удрило во карпите покрај тесниот пат и излетало во ендекот, по што се превртело.

Возачот со тешки телесни повреди е префрлен во Кумановската болница, а во моментот екипа на ПС од Крива Паланка врши увид на местото на настанот. Сообраќајот е блокиран, а возилата кои транзитираат кон градот и до граничниот премин Деве Баир се запираат.

(извор – АКО.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top