
Се верува дека средба со оџачар носи среќа. Во тој момент луѓето си замислуваат желба, допираат копче од неговата облека или пак земаат влакно од оџачарската четка како дел од суеверијата кои имаат долга историја.
Постои и верување дека оџачарската среќа се припишува и на раното станување на оџачарите. Имено, оџачарите некогаш рано оделе на работа, а се вели „кој рано рани, две среќи граби“. Можеби тоа е и причината која ги наведува луѓето да ги поврзат оџачарите со среќата.
– Јас сум оџачар веќе 30 години. И порано луѓето верувале дека ние носиме среќе, но денеска мислам дека тоа е повеќе изразено. Некако кога ќе ме видат на улица, ми се приближуваат насмеани. Сите се љубезни со мене, кога ќе отидам во домот. Секогаш добивам кафе, нешто друго за пиење. Ме викаат да влезам внатре да се задржам повеќе, да им оставам среќа во домот. Ми се има случено многу пати да ме среќаваат на улица и да доаѓаат да ми ги пипкаат компчињата на палтото. Да ми ја пипкаат четката, да искубат влакна од неа за да им носи среќа, раскажува оџачарот Среќко за Скопјеинфо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


