Професорот Љубомир Цуцуловски се огласи на социјалните мрежи по објавувањето дека моторџиите ќе треба да плаќаат паркинг.
– НЕОБИЧНИ ПОУКИ. Градоналачникот на Скопје, г-дин. Петре Шилегов, одлучил да се наплатува паркинг за мотори и моторцикли. После денешната средба со моторџиите објаснил дека во првата година паркирањето на специјализираните паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ ќе било бесплатно. Потоа, откако ќе се создале навики и култура за правилно паркирање, од следната сезона (значи, догодина) предвидено е да почне да се наплаќа паркинг услугата.
– Логиката со која се служи градоначалникот не ми е сосема јасна, бидејќи секаде се санкционираат/казнуваат постапките сѐ додека не се стекне одредена култура и одредени навики. Потоа, нема потреба од санкции. Кај скопскиот градоначалник е обратно: откако ќе се создала култура и навики, моторџиите ќе биле казнувани. Заклучокот, т.е. поуката сама по себе следи: немојте да се однесувате културно и да создавате добри навики, бидејќи дури тогаш ќе бидете казнувани. Кој може ова да го разбере, нека повели. Јас сум целосно збунет пред ваквото објаснување, пишува Цуцуловски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст