
Ривалите Бразил и Мексико ќе се соочат попладнево (16 часот) во денешното прво осминафинале на програмата на Светското првенство во Русија, меч во кој „кариоките“ се фаворити за да обезбедат пласман во четвртфиналето.
Досега Бразил и Мексико одиграле дури 40 меѓусебни дуели во кои „кариоките“ се многу поуспешни со 23 победи, а „сомбреросите“ победиле десетпати, додека седум меча завршиле без победник. Убедлива е и гол-разликата во корист на Бразил 73-36, но овој Мундијал досега покажа дека фаворитите не победуваат, па оттаму и елиминациите на големите конкуренти за светската круна Шпанија, Аргентина и Германија.
Сепак, Мексико има една лоша традиција против Бразилците затоа што во досегашните 4 меча на Мундијалите, никогаш не успеале да ја погодат мрежата на „кариоките“. Ова ќе биде нивни петти меѓусебен судир на Мундијалите и тоа од 1950 година наваму, а во досегашните четири Бразил трипати победил и еднаш ремизирал, притоа постигнувајќи 11 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


