| четврток, 6 декември 2018 |

„Буре барут“ на Дејан Дуковски се поставува во Зеница

Во Босанско народно позориште Зеница, БиХ е завршена првата фаза од големиот копродукциски проект „Буре барут“ на Дејан Дуковски помеѓу продуценската куќа Скопје Филм Студио, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница.

Проектот е резултат на Програмата за културна соработка меѓу Министерството за култура на РМ и Министерството за цивилни работни на Босна и Херцеговина за периодот 2016-2019 година.

„Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дејан Дуковски и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска и Бугарија. Тoj е и еден од најнаградените македонски драмски текстови по кој е снимен и истоимениот филм, номиниран за српски кандидат за наградите Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Режисер на претставата е режисерка Нина Николиќ, која на македонската публика ѝ е позната по претставите „Неверство“, „Секс, лаги и диви гуски“, “„Кој пукаше на 21-ви“ како и една од претставите со најголем број на меѓуародни гостувања во изминатите две години „Разговори во четири очи“.

Драматург на претставата е Драгана Лукан Николоски од Скопје, сценографијата е на Ведран Хрустановиќ од Сараево, а кореографијата е на белгискиот уметник Томас Стјуард. Автор на музиката е Игор Касаповиќ.

Во претставата играат актери од ансамблот на Босанскиот народен театар Зеница: Aдис Механовиќ, Анџела Илиќ, Енес Салковиќ, Мирољуб Мијатовиќ, Мухамед Бахоњиќ, Нусмир Мухаремовиќ, Сабина Куленовиќ, Саша Ханџиќ и Златан Шкољиќ, како и Џенана Џаниќ и Кемал Ризвановиќ, одбрани на одржаната аудиција во Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top