Бракот на 11-годишно девојче и 30 години постар маж предизвика бурни реакции во Малезија и барање минималната старосна граница за стапување во брак да биде 18 години.
Родителите на девојчето, кои се од Тајланд, изјавија дека ќе се согласат нивната ќерка да стане трета сопруга на Малезиецот, ако таа остане во домот додека да наполни 16 години.
Владата на Малезија соопшти дека нема официјален документ за бракот, склопен на Тајланд и оти го истражува случајот.
Додека УНИЦЕФ бракот го оцени како „шокантен и неприфатлив“.
Би-Би-Си објави дека се појавиле и фотографии на кои се гледа како младоженецот го држи за рака девојчето по венчавката.
Малезиецот веќе има две жени и шест деца на возраст од пет до 18 години.
Активистите во Малезија наведуваат дека младоженецот е успешен трговец, а родителите на девојчето живеат во сиромаштија, во североисточната малезиска држава Келантан.
Според малезиските закони, 18 години е минимална граница за стапување во брак, но шеријатските судови можат да дозволат брак на муслиманските двојки помлади од 16 години. Без дозвола на шеријатскиот суд бракот се смета за незаконски и младоженецот може да биде осуден на шест месеци затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст