| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени три лица на вчерашните протести против договорот за името во Грција

Полицијата во Атина уапси три лица, кога синоќа дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата против договорот за името, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Околу 30 демонстранти фрлале камења кон органите на редот, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец.

Демонстрации имаше и во Солун, каде демонстрантите се обидоа да се соберат пред Белата кула, но беа сопрени од полицијата, по што се упатија кон плоштадот „Аристотел“, каде имаше кратки судири со припадниците на полициските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top