Приватни парцели, овоштарници и обработливо земјиште со мешана државно-приватна сопственост се појавуваат меѓу чисто државното земјиште во Злокуќани на кое треба да се гради новиот клинички центар. Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави за „Макфакс“ дека клиничкиот центар ќе се гради на 30 хектари, а не на целата локација од 85 хектари со намена здравство во Генералниот урбанистички план за Скопје, пишува Макфакс.
-Се работи за 80-тина хектари, што е преголемо место на коешто би го сместиле клиничкиот центар иако планираме таму да се префрли и Медицинскиот факултет, но и да се направи центар за истражување за младите лекари и студентите по медицина, нешто што сега недостига, а сериозно влијае на нивото на експертиза што младите студенти и лекари го стекнуваат за време на едукацијата,, објасни министерот Филипче.
Тој вели дека e формирана работна група во која членуваат Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Град Скопје, Општина Карпош и Катастар. Се работи на подготвителни работи на процедурата што треба да доведе до распишување барање за идеен проект.
-Во меѓувреме треба да се направат испитувања на земјиштето, треба да се утврди кој дел од земјиштето е чисто државен и дали е тој доволно голем за да биде сместен новиот клинички центар. Доаѓаат предвид и други постапки околу земјиштето, но генерално земјата е одредена со ГУП и се наоѓа многу блиску до психијатриската болница во Бардовци. Некаде околу 30 илјади квадратни метри. Кои се сопствениците на приватните парцели, не можеме да претпоставиме, но станува збор за земјиште коешто допрва ќе се работи, ќе се ажурира подлогата, ќе се прави анализа… Целта е овој клинички центар да се смести само на државно земјиште и затоа треба сите овие геодетски работи да завршат сега, во оваа фаза, вели министерот Филипче.
Во Министерството за здравство се работи на новата локација за клинички центар од март годинава, но точна локација сè уште не е утврдена. Од јавно достапните податоци од Катастарот, „Макфакс“ направи мапа на државното земјиште на посочените 85 хектари во Злокуќани. Мапата покажа дека нема површина од 300 000 квадратни метри, односно 30 хектари, исклучиво државно земјиште.
Приватни парцели има насекаде, а има и парцели на кои државата ја дели сопственоста со приватници. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, вели дека за целиот потег ќе подготвуваат нова урбанистичка документација и покрај тоа што за некои урбани блокови веќе имаат усвоено планови.
-На исток граничи со патот за Бардовци, на север граничи со пругата, на запад граничи со болницата за душевни болести Скопје во Бардовци и доле на југ граничи со контактната зона со ископините на Скупи. Тоа е предел од околу 85 хектари, мешано приватно и државно земјиште. Во овој дел има добар дел со детални урбанистички планови, меѓутоа сè уште не знаеме дали тие ќе бидат соодветни за проектот што се работи, затоа штом Министерството го има готов проектот, ние би ја изготвувале планската документација, вели градоначалникот Богоев.
И тој потврди дека клиничкиот центар нема да се гради на целата површина од 85 хектари.
-Мислам дека постојниот комплекс на Водно зафаќа околу 25 хектари и тој е павилјонски систем, односно имате една клиника, па друга, па трета. Овде, колку што знам од министерот, целта е да има интегрирана зграда, во која ќе се најдат сите клиники, за да не се доаѓа во ситуација пациентот, народски кажано, да го возат со инвалидска количка или болнички кревет по улиците од една клиника до друга. Таму горе-доле истата површина би му била доволна на Министерството, смета Богоев.
Новата локација за клиничкиот центар во моментов е безмалку непристапна. Министерот Филипче објасни дека се предвидени две нови сообраќајници кои ќе водат до центарот, едната од Карпош, а другата би била продолжение на булеварот Словенија. Министерството го има предвид и сегашниот пат за Бардовци, кој е во близина на локацијата, можно е да се направи железничка станица поради близината на пругата, а се планира и хелиодром. Иако беа најавени 420 милиони евра за изградбата, министерот Филипче вели дека сè уште немаат финансиска конструкција.
а идеен проект. Министерот вели дека новиот клинички центар може да биде пуштен во употреба за пет до шест години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст