| четврток, 6 декември 2018 |

Познат рапер убиен во улична престрелка

Канадскиот рапер Смоук Дог (21) е убиен во улична престрелка што се случила викендов во градот во којшто живее, Торонто, јавуваат локалните власти.

Смоук Дог е најпознат по преработката на хитот „Trap House”, за кој соработуваше со американската ѕвезда Френч Монтана, но и како член од придружната група на турнејата на Ар-ен-би пејачот Дрејк.

Дрејк, кој исто така е од Торонто, објави изрази на сочуство на Инстаграм, каде што под заедничка фотографија напиша: „Толку многу талент и толку многу приказни што никогаш нема да ги дознаеме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top