| четврток, 6 декември 2018 |

Ова беше мојот последен натпревар за Шпанија – Иниеста се повлече од репрезентацијата

Андрес Иниеста му става крај на репрезентативната кариера, по испаѓањето на Шпанија од осминафиналето на СП во Русија.

  • Ова беше мојот последен натпревар за Шпанија. Ова е крај на една магија, а крајот понекогаш не е онаков каков што си сонвал дека ќе биде – изјави 34-годишниот фудбалер.

На натпреварот против Русија, Иниеста првпат по 21 натпревар на големите натпреварувања, не беше меѓу првите 11, а Фернандо Хиро изјави дека легендарниот играч од средниот ред може да биде пример за секого.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top