| четврток, 6 декември 2018 |

Филмско бегство: Познат француски криминалец со хеликоптер избегал од затвор, леталото го нашле запалено крај автопат

Озлогласениот францускиот криминалец, Редоан Фаид со помош на тројца вооружени соучесници, денеска успеал да избега од затвор со помош на хеликоптер, објави Би-би-си. За време на бегството никој не бил повреден.

Хеликоптерот слетал во дворот на затворот, а Редоан Фаид (46) успеал да избега благодарение на диверзија од страна на неговите соучесници на влезот во затворот „Рео“ во Сена и Марна, јужно од Париз.

– Вооружени командоси слетаа со хеликоптер на делот од затворот кој е наменет за прошетка на осудените лица, а затвореникот бил во собата за посети, соопшти француското министерство за правда, објави АП.

Полицијата пронајде запален хеликоптер во областа Гонс. Францускиот весник „Монд“ пренесува изјава од неименуван претставник на администрацијата на затворот, во која се вели дека целата акција траела само неколку минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top