Два нови протести против Договорот од Преспа се закажани за попладнево во Солун и Атина. Собирите се меѓусебно неповрзани, а како организатори се јавуваат граѓански движења кои и се малку познати на јавноста, јави дописничката на МИА од Атина.
Во грчката престолнина, на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, во 18 часот по локално време, на протест повикаа „Движењето за национална одбраа и за Македонија Александар Велики“ и „Научната комисија за национални прашања“. Тие, ќе протестираат за, како што велат, „да го запрат договорот на предавство“.
– Грција значи Македонија. Сите Грци, обединети заедно пред парламентот на Синтагма, во недела на 1 јули во 18 часот. Ќе бидеме таму за да ги одбраниме нашата Грција, Македонија, историјата, националниот суверенитет, Уставот и демократијата, повикуваат организаторите преку видео спотот објавен на социјалните мрежи.
За еден час подоцна, во 19 часот по локално време, закажан е собир во Солун и протестен марш низ улиците на градот за „поништување на договорот што го отстапува терминот Македонија на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст