И покрај ангажманот на новото засилување во средниот ред, Германскиот репрезентативец Емре Џан, Јувентус не планира да се ослободи од своите најдобро фудбалери од средниот ред, па подготвуваат нови договори за Миралем Пјаниќ и Сами Кедира.
За Пјаниќ постои сериозен интерес од Барселона која го гледа Босанецот како наследник на Андрес Иниеста, но клубот од Торино нема да седи со скрстени раце и ќе му понуди нов договор кој ќе го задржи во клубот до 2022 година.
Според новиот договор Пјаниќ ќе заработува околу шест милиони евра годишно што ќе го направи еден од најплатените играчи во Серија А. На германскиот интернационалец Сами Кедира пак ќе му биде понуден договор со траење од три години кој ќе заврши во 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст