| четврток, 6 декември 2018 |

Оги Сектор: Да престане и злоупотребата на полицијата за инспекциски контроли, удираат по нас зашто не финансираме избори и не корумпираме

– Дополнување на предходното: Односот на инспекциите најдобро го илустрира политичкиот прогон врз угостителите. Како што знаете, најголемиот процент од компаниите во овие дејности се микро или мали претпријатија и економскиот товар врз нас е неиздржлив. Постојано сме етикетирани дека припаѓаме на оваа или онаа партија, и во завиност од тоа кој ја има моќта, така и ние сме таргетирани. Од друга страна, секогаш кога буџетот е послаб, ние сме првиот таргет на сите инспекции и се очекува од казни врз кафеани, кафулиња, локални продавници, фризери и бербери да се полни буџетот, пишува сопственикот на Сектор 909, Огнен Узуновски на својот Фејсбук профил по синоќешниот случувања во кои тој бил уапсен во споменатиот клуб.

– Ние немаме моќ како големите компании да финансираме избори, да корумпираме и да учествуваме на милионски тендери, па затоа како слаби и необединети сме најчестите жртви на селективната и погрешна казнена политика. Бараме драстично намалување на казните и ревидирање на улогата на инспекцијата во овие процеси. Бараме да престане и злоупотребата на полицијата за инспекциски контроли. Само во Македонија сопствениците, вработените и гостите можат да бидат вознемирувани од цели единици инспекции во придружба со полиција, без налог од суд, како да сме терористи, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top