| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциско сака да одржи миса на Маракана?

Кардиналот Пјетро Паролин во моментов е во посета на Србија каде ги одредува условите за посетата на папата Франциско на оваа земја. Според неофицијални информации, тој барал дозвола за одржување на масовна миса на стадионот на Црвена ѕвезда.

Поглаварот на Римокатоличката црква е цврсто решен во 2019 година да ја посети Србија, откако претходно веќе беше во посета на Албанија и БиХ. Според Паролин, папата Франциско покажал голем интерес за Балканот, а особено за Србија и Црна Гора.

Од друга страна, голем дел од владиките на СПЦ се противат на неговата посета, но би го промениле мислењето ако тој јавно да се извини за злосторствата од логорот Јесеновац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top