
Некогаш популарниот пар, поп-ѕвезда Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, ставија точка на деценискиот брак. Она што најмногу ги интересира медиумите во регионот колку Емина ќе заработи од разводот.
Како што соопштуваат турските медиуми повикувајќи се на извор близок до двојката, двајцата се согласиле старателството над децата, девет годишниот Јаман и шест годишниот Јавуз, да и припадне на мајката, додека таткото ќе може да ги гледа во договорено време. Се додека биде сама, Емина ќе добива месечен надомест за себе од неполни 3.000 евра, а ако повторно влезе во брак, ќе го изгуби правото на него. И тоа ќе биде најважната последица од крајот на оваа голема љубов.
Според другата, поинтересна финансиска пресметка, разводот со Емина, Мустафа ќе го чини околу 12.000.000 евра.
На Емина и припаѓаат две третини од прекрасната вила која се наоѓа во богатата област Бејкоз во Истанбул, која ја градеа пет години. Целиот мебел е дизајниран од страна на тимот од „Армани“, а само во бањата се инвестирале 100.000 евра, за мијалници, кади, џакузи кои се рачно изработени.
Ако ја продадат оваа градба, а проценката е дека цената нема да биде помала од три милиони евра, Емина ќе добие два, но таа ќе мора од тие пари да одземе 50.000 евра за да плаќа за школарината на своите деца. Во рок од четири години, Мустафа е должен да ѝ купи куќа или стан во Србија во вредност од 250.000 евра. Исто така, тој е обврзан да и обезбеди автомобил во вредност од 50.000 евра.
Како брачната финансиска сметка е и јахтата, која Емина ќе може да ја користи три месеци во годината.
Мустафа во име на алиментацијата на своите синови ќе мора да плати помалку од 2.000 евра месечно, а годишно за нивниот одмор ќе мора да одвои околу 10.000 евра. Една од предметите беше и салонот за убавина на Емина, односно потенцијалниот приход што таа би можела да го заработи во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


