| четврток, 6 декември 2018 |

По Меси, и Роналдо си оди дома

Репрезентацијата на Уругвај е вториот четвртфиналист на Светското фудбалско првенство, откако вечерва во Сочи ја совлада Португалија со 2:1.

Ова значи дека најдобриот светски фудбалер Кристијано Роанлдо нема да има шанса да се бори за трофејот. Претходно во текот на денот и за Лионел Меси заврши Мундијалот по поразот на Аргентина од Франција.

Така, во четвртфиналето нема д аги гледаме двајцата најдобри играчи во последната деценија.

Виновник за елиминацијата на Роналдо е Едисон Кавани, кој вечерва ги постигна двата гола за уругвајскиот национален тим. Голот за Португаклија беше дело на Пепе.

Во четвртфиналето Уругвај во петок на 6 јули, во Нижни Новгород ќе игра против Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top