| четврток, 6 декември 2018 |

Метеомакс со лоши прогнози за јули

Полека влегуваме во седмиот месец од оваа 2018 година (јули).

Според најновите анализи со кои располагаме за јули, ќе биде нешто постуден од вообичаеното за тој дел од годината, што значи може да се очекуваат почести посвежи продори од северните географски широчини кон Балканскиот Полуостров и Македонија како и повремени нестабилности кој може да условуваат повремени временски непогоди (обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и град).

Повремено треба да се очекуваат температури кој се под просекот за јули месец.

Сепак и покрај ова треба да очекуваме убави денови со летни температури на воздухот но барем засега во текот на јули месец нема на видик некој изразен Африкански бран.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top