| четврток, 6 декември 2018 |

Најглупавата и најскапа смс во историјата поради која семејство ја заложило куќата под хипотека

Родителите на еден млад Германец, кој работел на Нов Зеланд, морале да ја дадат куќата под хипотека за да ја платат судската казна на синот, која судијата ја опишал како „една соапа текстуална порака“.

Откако добил отказ од фабрика за млеко во прав, Максимилијан Кристијан Цукер му испратил смс на својот шеф, во која напишал дека му оставил „мал подарокна производната линија“ за млеко во прав.

Половина час подоцна 21-годишниот Максимилијан му испратил друга смс, во која напишал дека се работи за шега, но компанијата веќе започнала процедура за уништување на контаминираните производи во согласност со законот.

Компанијата била присилена да ја фрли целата пратка за извоз. Според комапнијата, трошокот за пратката, денот поминат во унишитување на производот и обидот да се поврати изгубеното време ја чинел компанијата 190.000 новозеландски долари (128.650 американски долари).

Во текстот што го објавија новозеландските медиуми пишува дека семејството на Германецот морало да ја стави куќата под хипотека за да ја плати казната од 19.000 долари и трошоците за живот додека ја чекал судската разврска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top