| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски со притисок и реваншизам врз припадниците на Единицата за специјални задачи

МВР им се реваншира на припадници од Единицата за специјални задачи, тврдат извори од МВР за А1 он. Според порталот 18 лица добиле решенија за прераспределба на пониски работни места, бидејќи  реагирале на одлуката за заменик-командир во ЕСЗ да биде поставен Албанец. Притисоците започнале откако првите луѓе во МВР се откажале од оваа одлука.

Половина од решенијата се донесени откако специјалците под притисок на високи структури самите побарале прераспределба, а останатите по одлука на челници во МВР. Во идниот период, според порталот А1 он, МВР ќе донесе уште околу 300 решенија за прераспределба на специјалците на пониски работни места, со што вкупно ќе бидат санкционирани 50 лица.

Дел од специјалците кои досега се распределени, ќе работат во полициски станици од општа надлежност,  со образложение од МВР дека тоа е по потреба на службата, тврдат извори за “А1он”.

На почетокот од месецот МВР ги демантираше медиумите дека ќе има кадровски промени во ЕСЗ.

-Промени нема, зошто нема основи да размислуваме за такви работи. Имаме структура која работи професионално, а таму кај што ќе почувствуваме дека има некакви аномалии, дека има непочитување на одредени принципи секако дека ќе правиме промени”, изјави министерот Оливер Спасовски
на почетокот од месецот.
Од Министерството засега молк. Оттаму не одговараат поради која причина им се делат решенијата за  прераспределби на специјалците, неколку недели по бунтот во ЕСЗ, иако Спасовски најави дека ќе нема има промени во оваа единица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top