Сите нелегални летни тераси и објекти ќе бидат отстранети, а сопствениците ќе се соочат со санкации, тврди градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Тој објасни дека ако некој не се вразуми дека треба да поставува урбана опрема согласно со правилниците, тогаш Општина Центар ќе оди до крајност, односно со барање за поништување на елаборат, затворање на локалот, па и пријавување за одземање лиценца.
Градоначалникот на Центар објасни дека локалот „Бастион“ добил одобрение од Град Скопје за поставување урбана опрема, а направиле градба и поради тоа, вчера присилно била отстранета летната тераса. Градоначалникот на Центар вели дека ваквиот чекор следел откако претходно сопствениците на локалот не реагирале на укажувањата од инспекторите, кои воочиле неправилности. Богдановиќ вели дека дополнително се утврдува габаритот на летната тераса на локалот, а, пак, доколку општина Центар увиди дека истата узурпира пешачка зона, тогаш ќе побараат укинување на одобрението дадено од Град Скопје. Од локалот „Бастион“ одбија да се соочат на дебата со градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.
„Целото поставување челична конструкција е без никакво одобрение, ниту од Град Скопје, ниту од кого било. Под урбана опрема се подразбира поставување маси и столови, чадори и дел од подвижни елементи што се монтираат и демонтираат во зависност од тоа што ќе им одобри градот. Не станува збор за тврда градба, за подно греење, поставување арматура. Од старт, никој нема да им дозволи да го изградат тоа. ‘Бастион’ се отстранува бидејќи е класична дивоградба“, објаснува Богдановиќ во интервју за „Макфакс“ и додава дека проблемот бил од минатата година, но поради немање средства, терасата не била присилно отстранета.
Градоначалникот на Центар тврди дека ако со елаборатот кој Град Скопје го одобрил за „Бастион“, повторно се узурпираат пешачките патеки, тој ќе побара поништување на иститот. Во овој случај, Богдановиќ охрабрува сопствениците да покренат постапка бидејќи добиле таква дозвола од Град Скопје. Богдановиќ на седница на ЗЕЛС ќе бара дискусија за враќање на надлежностите на дел од улиците кои се под ингеренции на Град Скопје за, како што вели, да не си играат пинг-понг, односно да не се префрла топката од една на друга страна.
„Ќе се изврши инспекција на сите објекти, а оние кои не се во согласност со проектот и одобрението, сите ќе бидат санкционирани. Ако не постапат сами, ќе постапиме ние. Не знам како било порано, но сакам да кажам како ќе биде од сега па натаму. Сите угостителски објекти, сите што имаат по некоја основа добиено дозвола или имаат правно или бесправно узурпирано јавен простор на некој начин, ќе бидат проверени. Не станува збор само за локали, туку тоа ќе биде повлекување линија до каде може и што може да се прави“, додава Богдановиќ, кој тврди дека овие неправилности не се спречиле на време и сега општината се лечи од последиците.
Иако знае, Богдановиќ не открива кои споменици од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат отстранети поради, како што вели, безбедносни причини бидејќи, според него, ситуацијата била наелектризирана. Тој во интервјуто за „Макфакс“ вели дека за еден месец ќе биде отстранет споменик од проектот „Скопје 2014“ што е поставен во центарот на Скопје. Богдановиќ вети дека за три недели ќе открие информации за неколку постапки што се водат за проектот „Скопје 2014“.
„Не дека купуваме време или бараме алиби, ви тврдам дека овие работи ќе траат многу подолго. Во брзо време ќе видите почеток на постапките и ќе ги видите резулатите. И јас сакам сега да излезам и да ви набројам, но наредниот ден ќе нè бомбардираат со прашања, и верувајте потоа ќе имаме проблем околу самото докажување на одредена постапка“, вели Богдановиќ.
Градоначалникот вели дека согласно со динамиката на судските процеси, нелегалната тераса на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде отстранета. (Макфакс)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст