| четврток, 6 декември 2018 |

Халкидики: Туристите пливаат додека багерите ги уредуваат плажите

По силното невреме и поплавите кои изминативе денови ја зафатија Грција, посебно полуостровот Халкидики, времето денеска било претежно сончево, а ситуацијата на местата погодени од бурата постепено се нормализира, пренесуваат тамошните медиуми.

Во некои одморалишта најмногу погодени од невремето и натаму се очигледни последиците од поплавата, а градските плажи на тие места не се препорачуваат за пливање бидејќи водата е нечиста. На други места, пак, туристите не губат време и пливаат додека багерите ги уредуваат плажите, пренесуваат локалните медиуми.

Периодов, нестабилни временски услови преовладуваат над целиот Балкан, но најмногу беше погодена Грција, каде што многу плажи и улици беа под вода, која на некои места носеше и автомобили. Потсетуваме, најкритично беше на Халкидики, поточно средниот крак, Ситонија, каде што беа поплавени куќи и други објекти. Во селото Никити беа поплавени патиштата, а водата кон морето повлече повеќе возила. Реката покрај Агиос Николаос се излеа од своето корито, а гостите беа евакуирани од хотел во близина на градот Пиргадикија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top