| четврток, 6 декември 2018 |

Британската јавност во шок: Објавила сè за сексуалниот живот на кралицата, па предизвикала бес

Навредливите детали за сексуалниот живот на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип се објавени во скандалозната нова книга на авторката Лејди Колин Кембел.

Во книгата “Бракот на кралицата”, поранешната ријалити ѕвезда пишува дека Елизабет има “здрав сексуален апетит”, кој почнала да го задоволува откако стапила во брак, но и дека принцот Филип не и бил верен. На 320 страници театрално го опишала односот на кралскиот пар и открила дека Филип бил голем заводник кој секогаш јавно кокетирал со жените.

“Тој сака да биде во друштво на убави жени. Не познавам ниедна убава девојка која била во негово друштво а да не кокетирал со неа. Го искусив тоа од прва рака”, вели Лејди Колин, додавајќи дека на кралицата тоа воопшто не и пречело.

Книгата е полна со приказни за кои авторката тврди дека се проверени и вистинити информации од луѓе блиски до кралското семејство. Па така, во еден дел открива дека кралскиот психијатар и кажал дека Елизабет била скршена кога дознала дека сопругот ја изневерил.

Книгата наишла на бројни критики, вклучувајќи ги и оние од британските медиуми, како и од јавните личности.

“Никакви тврдења на Лејди Колин не се достојни за мој коментар”, кратко рекол поранешниот адвокат на кралицата, додека британскито таблоид “Sun” одбил да коментира поголем дел од деловите во книгата и тоа поради страв да не ги налути љубителите на кралското семејство.

tocka.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top