За време на министерувањето на министерката Радмила Шеkеринска се изнаслушавме многу за транспарентноста и професионализацијата на Министерството за одбрана. Но, не слушнавме ништо за промоцијата на сопствените партиски кадри и за напредувањето исклучиво по партиска или по роднинска и пријателска врска со функционерите на СДСМ, пишува Нетпрес.мк
Дека во министерството селекцијата на лица за упатувањата на мисии надвор од државата се прави по исклучително партиска линија и се упатуваат само лица блиски до функционерите на СДСМ и до нивните најблиски соработници, може да потврдат следниве случаи.
За шеф на мисијата која замина во Авганистан пред неколку дена е поставен полковник Ќенан Рахиќ, кој е во роднинска врска со поранешниот висок партиски функционер на СДСМ, Есад Рахиќ.

Дека ова не е изолиран случај укажува фактот дека во Босна и Херцеговина, по третпат на мисија е замината и Елисавета Здравеска, блиска другарка на Паула Дабовиќ, најблиската соработничка на министерската Шекеринска.

Како ова да не е доволно, со едниот сопружник отиден на мисија надвор од државата, па и сопругот на Елисавета Здравеска, Сашо Здравески, е заминат пред неколку месеци на мисија во Авганистан, и тоа по вторпат. Сашо Здравески, инаку, важи за близок човек на раководителот на Воената служба за безбедност и разузнавање Горан Василевски.

Што стана со јавно декларираните заложби од Шекеринска дека секој треба да отиде барем по еднаш во мисија, и дека нема да дозволи некои лица да одат по повеќе пати? Или ова не важи за оние кои се партиски функционери на владејачката гарнитура и кои се блиски до најблиски соработници на министерката?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


