Детски фантазии и големи соништа, осумгодишниот Адмир ги надраснува со сопствените храбри чекори и желба да биде дел од убавата приказна на животот. Малиот јунак, одличен ученик, кој живее со татко му кому му е оштетен видот, а неговата мајка минатата година починала, се пресретнува со неизвесноста дали ќе продолжи да оди на училиште со помош на луѓето со благородни срца, волонтерите, кои за него се дел од семејството и тука се да му подадат рака во секојдневниот живот.
-Адмир го прифатив како дел од мое семејство и постојано му помагам. Малку е срамежлив, – вели за 24 вести Мартин Ценевски, волонтер.
-Се изменија работите на подобро и детето оди и се дружи со сите во градинката. Второт одделение помина со одчичен успех – рече Далип Рамадани, татко на малиот Адмир.
Помислата дека некому помогнале или промениле нешто на подобро е мотив на секој хуман волонтер, а благодарение на Црвениот крст, тие секогаш се таму каде што се најпотребни, во случајот кај Адмир.
-За поздрав е кога имаме ваков волонтер кој двапати дневно го зема детето и го носи во училиште.“ – изјави Марина Матеска од Црвен крст – Скопје.
Животот на Адмир, како што вели татко му, го направи да созрее пред време и да биде чекор пред останатите деца, но за да може спокојно да расте и да сонува, потребен му е херој со големо срце како што е Мартин, кој краде од своето време за да изнуди една детска насмевка полна со оптимизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


