Кога Џони, бездомник од Филаделфија, ги потрошил своите последни 20 долари кој ги имал кај себе, не очекувал дека ќе му се вратат со камата. Откако и помогнал на жена од Њу Џерси на која и снемало гориво, таа му се одолжила со тоа што за него собрала повеќе од 280.000 долари.
Кејт Маклур патувала кај пријател во Филаделфија кога и снемало гориво.
-Ме виде како стојам и знаеше дека нешто не е во ред. Кога сфати дека сум останала без гориво, ми рече да останам во автомобилот и да ја заклучам вратата. Неколку минути подоцна се врати со црвен канистер со бензин, за кои ги потрошил своите последни 20 долари, раскажала Кејт.
Не можела да му ги врати парите бидејќи немала во себе.
-Подоцна се вратив на местото каде што го сретнав и му ги вратив парите, а во последните неколку недели го посетив неколку пати и му дадов јакна, ракавици, капа и чорапи.
Сепак, сакала уште нешто да направи за овој добар човек.

Одлучила на веб страната GoFundMe да ја сподели својата приказна и да започне кампања за собирање на пари за Џони. Почетната цел била 10.000 долари.
Кејт истакнала дека Џони е многу заинтересиран да пронајде работа, и била уверена дека ако успее во тоа може да си го среди својот живот.

Сепак, Џони кога дознал дека донациите достигнале 250.000 доалри, изјавил дека остатокот ќе го даде за хуманитарни цели.
Њујорк пост пренесува дека Џони набрзо пронашол работа во магацин на Амазон во Њу Џерси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


